ДУИ: Иванов носи штетни одлуки за Албанците и за нас е нелигитимен

Од:

Веднаш по разрешувањето на заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање Мухамед Исмаили, од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, реагираат од ДУИ, матичната партија на Исмаили.

За партијата на Ахмети ова е потврда дека претседателот Ѓорге Иванов носи политички одлуки на штета на Албанците и оти за нив шефот на државата и натаму е нелегитимен.

Со оваа одлука Иванов продолжува непринципиелно да се однесува за прашањето за застапеностана Албанците во институциите што се под негова надлежнос, велат од ДУИ.

„Повеќе од јасно е дека разрешувањето на господинот Исмаили е направена од политички, а не поради професионални мотиви и ваквиот чин заслужува осуда“, соопшти ДУИ.

Ова за ДУИ е само аргумент повеќе да се поддржи нивната заложба за консензуален претседател.

 

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата