ДУИ: Има организирана политика за исклучување на Албанците од институционалниот живот во Македонија

Од:

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради алармантното ниво на дискриминација против Албанците во државните и јавните институции. Најновиот пример доаѓа од Министерството за одбрана, каде што од вкупно 26 нови вработувања, 25 се Македонци, додека само еден вработен е Албанец, јасен доказ за организирана политика за исклучување на Албанците од институционалниот живот во Република Северна Македонија, велат од ДУИ.

„Ова не е изолиран случај, туку дел од долгорочна, системска стратегија изработена од македонските партии и политичката олигархија уште во 2022 година, која континуирано се спроведува од оваа влада. Целта е јасна: да се минимизира улогата на Албанците како фактор во државните и јавните установи.

Во поддршка на овој план, се вклучи и Уставниот суд, чијашто пракса преку отстранување на етничкото балансирање и обврската за неидентификување според етничка припадност, го нарушува темелниот принцип на Охридскиот рамковен договор: рамнотежата, правичната и адекватна застапеност и мултиетничкиот карактер на државата.

Ова дискриминаторска платформа продолжува преку низа на таканаречени “отворени” конкурси, каде што, под маската на професионализам и компетентност, Албанците се исклучуваат систематски, практика која потсетува на периодот пред 2001 година.

Случајот со Министерството за одбрана е само еден фасцинантен дел од оваа загрижувачка приказна, која по повеќе од една година имплементација јасно покажува дека се гради моноетничка држава, каде што Албанците се третираат како не посакувани.

Ова е концепт создаден од македонската олигархија, поддржана од одредени “васали” меѓу Албанците кои не се дел од власта по волја на својот народ, туку како избрани од ВМРО‑ДПМНЕ, како во времето на поранешна Југославија, кога некои Албанци беа фаворизирани од страна на Слободан Милошевиќ, но не по волја на самиот албански народ.

ДУИ цврсто го потврдува својот непоколеблив став во заштита на колективните права на Албанците и на Охридскиот рамковен договор како основа на новиот општествен и институционален поредок. Секој обид за разнишување на овој поредок преку судови, манипулирани конкурси или системска дискриминација, ќе биде силно осудуван и ќе му се спротивставиме политички, институционално и на меѓународно ниво, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се загрозени – загрозени се само милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

ДУИ: Наместо да измислува имагинарни непријатели, премиерот треба да објасни зошто неговата влада го крши Уставот

ДИК го намали бројот на советници во албанските општини, обвинува ДУИ

Нема да дозволиме неправда, заврши времето на измами, велат од Влен

Идеите дека треба да се ревидира Бадентеровото мнозинство се опасни, вели Адеми