ДУИ: Има координиран напад врз Инспекторатот за јазици

Од:

Инспекторатот за јазици е еден од клучните столбови на Законот за употреба на јазиците и conditio sine qua non за неговото спроведување, вклучувајќи и санкции за непочитување на законот. Оваа клучна институција беше основана, вработените беа обучени и лиценцирани, обезбедувајќи надзор над спроведувањето на законот и заштита на јазичните права на Албанците. Она што сега го гледаме е намера за координиран и свесен напад врз овој механизам, исто како што се случи со Балансерот, со цел да се деградира, ослабне и на крај да се укине целосно, велат од ДУИ.

– Овие дејства претставуваат директен напад врз еднаквоста и достоинството на Албанците, кои беа изградени со напор и жртви низ годините. Албанците веќе се на прагот на трпението со оваа систематска кампања на деградација и негирање на механизмите за заштита стекнати со Охридскиот договор. ДУИ остро го осудува овој пристап и ги повикува владата, меѓународната заедница и сите граѓани да не дозволат овој напад врз клучниот механизам за зачувување на еднаквоста и имплементацијата на Охридскиот договор. Албанците нема да прифатат ниту еден чекор наназад во своите права и нема да дозволат уништување на институциите кои ги гарантираат нивното достоинство и еднаквост, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата