ДУИ и ја честита победата на Меркел

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) на германската канцеларка Ангела Меркел и ја честита победата на нејзината партија ЦДУ на вчерашните парламентарни избори во Германија.

– Убедливата победа е уште една потврда за вашите правични домашни, но и меѓународни политики и затоа, убеден сум дека вашата земја ќе ја продолжи поддршката на процесот на проширување на Европската унија, како и аспирациите на земјите на Балканот да станат дел од Евроатлантскато семејство, се вели во честитката од ДУИ до Меркел.

Германија, се додава во честитката, имаше многу значајна улога во постигнувањето на мирот во немирниот регион на Западен Балкан како и во поставувањето на демократските вредности.

– Се надевам дека оваа огромна германска инвестиција ќе продолжи со вашите нагласени напори за да се интегрира целиот регион во НАТО и ЕУ преку меѓусебното помирување и решавање на отворените меѓусоседски прашања по примерот на Приштина и Белград. Изразувајќи го моето највисоко почитување, ви честитам срдечно за вашиот трет мандат и ви посакувам успешна реализација на вашата програма, се истакнува во честитката од ДУИ до Меркел.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата