ДУИ го прифати законот за албански јазик

Од:

Централното претседателство на ДУИ даде поддршка на предлог законот за употреба на албанскиот јазик. Извори од партијата велат дека има некои општи забелешки, но сепак нема различни ставови со СДСМ.

Извори од ДУИ псочуваат дека освен за јазикот, партијата ги има прифатено и решенијата за економска рамноправност на општините.

По состанокот Рафиз Алити посочи дека предлог-законот „може да не е совршен“, но оти Претседателството дало согласност да се оди понатаму со СДСМ.

– Начелно го поддржавме предлог-законот за употреба на јазиците. Останува претседателот со преговарачката екипа да се сретнат со претставниците на СДСМ, изјави Алити.

Од ДУИ претходно кажаа дека тоа е услов пратениците од ДУИ да дадат потпис лидерот на СДСМ, Зоран Заев да го земе мандатот од Ѓорге Иванов, а таа одлука сега е единствено во рацете на Али Ахмети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО