ДУИ: Го предизвикуваме Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори без привилегии на власта

Од:

На денешната пресконференција на Демократската унија за интеграција, предводена од Имране Велиу, беше упатена остра и јасна порака до кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити.

„Граѓаните и целата јавност гледаат една очигледна вистина, Изет Меџити сè уште не се осмелува да поднесе оставка од функцијата заменик-претседател на Владата и министер за екологија. Овој негов став е доказ за стравот од катастрофалниот пораз што го очекува на 19 октомври,“ порача Велиу, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го објавува интегрално.

ДУИ остро го предизвикува Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори рамноправно, без привилегии на власта и без злоупотреба на државни ресурси.

„Ако е толку сигурен во својата победа, нека им покаже на жителите на Чаир дека има достоинство и храброст. Но сите знаеме, тој е зависен од власта, а не од слободната волја на граѓаните,“ истакна Велиу.

ДУИ потсети дека жителите на Чаир не ги заборавиле двете децении на неисполнети ветувања, нефункционална инфраструктура, деградација на урбаниот простор и недостиг на инвестиции.
„Чаир остана заложник на лични и клановски интереси. Две децении граѓаните беа третирани само како бројки за гласови, додека општината назадуваше,“ се нагласува во пораката.

ДУИ уверува дека на 19 октомври граѓаните ќе испратат историска порака:
„Крај на измамите, крај на злоупотребите, крај на вечната власт на Изет Меџити!“

„Чаир заслужува ново лидерство, визионерски пристап, чесна администрација и модерна општина во служба на граѓаните, а не на кариерата на еден поединец и неговото тесно семејно окружување,“ рече Велиу.

Би можело да ве интересира

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Се официјализира соработката на ВРЕДИ и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

„Ми се јавуваа пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир“

Катерина Ѓуровски

Нека ви се честито дивоградбите, Арсовска по средбата Ѓорѓиевски-Меџити

Катерина Ѓуровски

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски