ДУИ: Го поддржуваме барањето на ССМ за зголемување на минималната плата на 450 евра

Од:

Демократската унија за интеграција во целиот период додека управуваше со државата докажа дека го поддржува зголемувањето на платите на работниците, односно минималната плата велат од партијата преку соопштение.

– За тоа сведочи и зголемувањето на минималната плата, особено во последните 7 години, каде што имаме зголемување од над 100% на минималната плата, и покрај тоа што се соочувавме со светската криза од КОВИД-19 и енергетската криза. ДУИ секогаш во својата Програма еден од главните приоритети го има подигнувањето на животниот стандард на граѓаните. Затоа, ДУИ без сомнение го поддржува барањето на ССМ, кои бараат приходите на работниците да бидат најмалку 450 евра, наместо досегашните 370 евра, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ

Живко Митрески: Граѓанскиот суд донесе пресуда со која потврди дека во 2017 година нелегитимно сум сменет, сите одлуки на ССМ оттогаш се ништовни

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Минималната потрошувачка кошница се приближува до 70 илјади денари

Триангл: Да се почитуваат договорите за зголемување на платата и колективните договори, а законите да се спроведуваат

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата