ДУИ го поддржува ажурирањето на Избирачкиот список

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение до медиумите информира дека ги поддржува напорите за ажурирање на изборните листи во пресрет на локалните избори.

– ДУИ смета дека правото на гласање е фундаментално право. Составувањето на гласачките листи е законска обврска и треба постојано да се прави, со транспарентна постапка и со присуство на политичките субјекти, стои во соопштението од ДУИ.

ДУИ, исто така, смета дека не треба да се повреди ниту едно граѓанско право во текот на процесот на ажурирање на гласачките списоци.

– Организирањето и спроведувањето на слободни и демократски избори беше и ќе остане главен ангажман на ДУИ, затоа, ажурирањето на гласачките листи е предуслов за слободни и демократски избори и за елиминација на сите дилеми кои се појавуваат за време на изборниот процес, се нагласува во соопштениеот од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански