ДУИ ги потврди носителите на листи за пратеници

Од:

Гералниот совет на Демократската унија за интеграција денеска во Тетово ги утврди носителите на листи за пратеници со кои ќе настапи на претстојните парламентарни избори закажани на 8 мај.

Во Првата изборна единица носител на листата ќе биде Блерим Беџети, во Втората – Садула Дураку, во Третата – Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, во Четвртата – Енвер Хусеин од Демократската Партија на Турците на Македонија, во Петтата – Зијадин Села и во Шестата изборна единица носител на листата ќе биде претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Уставните измени, евроинтеграцијата, добрососедството, бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупција, економскиот рамковен договор…се столбовите врз кои ќе се заснова заедничката програма на коалицијата „Европски фронт“, информираат од ДУИ.

Како што информираа оттаму, партискиот лидер Ахмети ги информирал членовите на Генералното собрание на партијата за формирањето на „Европскиот фронт“ и заедничката програма на коалицијата за евроинтеграции и спречувањето на руските влијанија во државава и регионот.

Како што посочуваат од партијата, Генералното собрание на ДУИ едногласно го поддржале формирањето на „Европскиот фронт“ и заедничката кандидатура за претседател на Бујар Османи.

– Генералното собрание на Демократската унија за интеграција ги повикува сите членови на ДУИ и сите граѓани да го поддржат „Европскиот фронт“ и нашата кандидатура за претседателските избори Бујар Османи, се наведува во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски