ДУИ ги демантира обвинувањата од СДСМ

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро ги демантира сите обвинувања искажани на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

– Самиот факт што разговорот на претседателот на партијата со претседателот на чаирскиот огранок, а кој се однесува за продажба на партискиот имот во Скопје (за кои ќе презентираме докази) се претставува како криминал, зборува за вистинската намера на прес- конференцијата, се наведува во соопштението.

Од ДУИ остануваат на ставот да се објават сите прислушувани разговори за оваа партија, без притоа, како што велат „да се извртат со цел свесно погрешно интерпретирање и манипулирање со јавноста, истите да се процесираат низ институциите според желбите на опозицијата“.

– Доколку низ постапка се докаже вина, ДУИ нема да заштити никого, но исто така доколку се докаже дека обвинувањата се засновани на тенденциозни вадење од контекст на приватни разговори помеѓу функционери, истото да се објави, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата