ДУИ е за консензуална демократија во комбинација со „Бадентер“

Од:

Охридскиот договор е единствениот пат кој помага за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, изјави денеска на прес-конференција Муса Џафери, член на Централниот одбор на ДУИ, кој посочи на детали за тематскиот конгрес на партијата што ќе се одржи на 28 и 29 март во Скопје.

Една од панел-сесиите на конгресот е добро владеење и консензуална демократија, односно колку помагаат во стабилизирањето и демократизацијата на Охридскиот договор.

– Овој договор, односно, Уставот, како што уште го нарекуваме од 2001 година, според сите анализи, е единствениот пат кој помага кон членството во НАТО и ЕУ. Нашата констатација е дека „авторството” на Уставот на РМ е заедничко со одлучните центри, како што се Брисел и Вашингтон. Од ова произлегува дека помошта, олеснувањето и интервенцијата од страна на овие два центри во актуелната ситуација е соодветна на прелиминарните состојби кои биле од 2001 година до денес, рече Џафери.

Во однос на добро владеење, рече вицепремиерот Џафери, ДУИ ќе инсистира и тврди дека на Македонија и треба консензуална демократија во комбинација со Бадентеровиот принцип.

– Акцентот се става на праведно и рамноправно распределување на јавните финансии-буџетот. Поделбата на власта врз основа на принципот на соодветна и правична застапеност на сите нивоа на државата, децентрализација соодветна на околностите на Македонија, што значи еднаков територијален развој и втората деценија на спроведувањето на Охридскиот договор, изјави Џафери.

На тематскиот конгрес ќе има три панели и тоа евроатланските интеграции и доборсоседството, добро владеење и консензуална демократија и економски развој и еднакви можности.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата