ДУИ до албанската опозиција: Ќе бидете запаметени како Албанците кои работеа против Албанците

Од:

Недостоинствената, подмолна и деструктивна опозиција, која секој ден ги менува своите ставови и поставува услови само за Албанците, продолжува да стои на приемните шалтери на ходниците на СДСМ и на ВМРО со единствена цел да ги поткопа националните интереси и да ја избегне одговорноста за нивниот длабок пораз, обвини ДУИ.

„Албанците не заслужуваат опозиција без демократски капацитети и без политички морал да сносат одговорност пред гласачите и пред партиските тела.

Изгубивте на парламентарните избори 2016 година, потоа изгубивте на локалните избори од 2017 година, изгубивте и на референдумот затоа што бевте единствени Албанци кои го бојкотиравте референдумот за НАТО и ЕУ, изгубивте на претседателските избори во 2019 година, но и на локалните избори во Дебар во 2019 година, за конечно да изгубите на парламентарните избори оваа година, додека исто бевте поразени на сите избори кога бевте дел од другите партии од 2002 година.

Кога ќе ја ослободите узурпираната опозициска сцена исполнета со рекордни загуби?

Јавно ветивте дека ќе поднесете оставка за вашиот пораз, бидете достоинствени, одржите го својот збор и покажете демократски капацитет и не ги потценувајте ги Албанците“, соопштува ДУИ.

„Наместо да го напуштите недостоинственото стоење зад вратата и по ходниците на СДСМ и ВМРО со молби до нив албанските барања да не се реализираат, вие одлучите да ја напуштите Заедничката средба на албанските парламентарни партии.

Албанскиот народ никогаш нема да ви прости за ова понижување и ова недостоинствено однесување на албанската опозиција.

ДУИ и Ахмети ќе продолжат со напорите да постигнеме достоинствена опозиција затоа што тоа го заслужуваат опозициските гласачи и албанскиот народ, додека вие ќе бидете запаметени како Албанците кои работеа против Албанците и вечните посетители на ходниците на СДСМ и ВМРО“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

ДУИ: 25 години од Охридскиот договор – јубилеј што нè обврзува да ја браниме еднаквоста

Горан Наумовски

ВРЕДИ: ДУИ, партијата која искраде стотици милиони, глуми истражител

Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во ‘Мерцедес’, прасува ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски