ДУИ: Длабока загриженост за одлуката за двајца директори од македонската заедница во ФЗО

Од:

ДУИ изразува длабока загриженост во врска со неодамнешната одлука на Фондот за здравствено осигурување за назначување, по прв пат по многу години. Овој акт претставува систематски обид за отстранување на Албанците од најчувствителните и витални институции на државата, создавајќи опасен преседан за нивно исклучување од процесите на донесување одлуки на државно ниво, се вели во партиската реакција.

„Оваа одлука е директна последица на влада со моноетнички легитимитет, каде што нелегитимни лица избрани од своите патрони ги претставуваат само своите лични и клановски интереси а никако интересите на Албанците. Таква влада, која не го рефлектира различноста и легитимитетот на нашите народи, следи опасен пат кој ги поткопува основните принципи на еднаквост и правда во нашата држава.

Овој чин е во целосна спротивност со духот на Охридскиот договор и заштитните механизми за еднаква претставеност на сите етнички заедници. Ние веруваме дека отстранувањето на Албанците од клучните институции не е само неправда кон нашата заедница, туку и закана за стабилноста и меѓуетничката хармонија во Северна Македонија. Оваа постапка не само што ги маргинализира Албанците, туку и ја оштетува демократската структура и социјалната кохезија на државата. Јавните институции треба да бидат одраз на праведно и еднакво општество, каде што сите граѓани, без разлика на етничката припадност, имаат можност да придонесуваат и учествуваат на еднаков начин, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад