ДУИ: Демантирана уште една лага, Николовски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце

Од:

Демократската унија за интеграција смета дека уште една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и на Александар Николоски е целосно демантирана, бидејќи и самиот Николоски во Собранието потврди дека никој од редовите на ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце, како што тој обвинуваше со недели“, велат од ДУИ.

„Во Собранието, Николоски откри имиња на 4 фирми кои за свои потреби купиле земјиште во близина на трасата Скопје – Блаце, а ниту една од нив нема ниту една единствена врска со ниту еден функционер на Демократскиот сојуз за интеграција.

ДУИ бараше Николовски јавно да ги открие сите имиња на функционери на ДУИ кои, според него, купиле земјиште на патната оска Скопје – Блаце.

Николоски вчера во Собранието се демантираше себеси и ВМРО ДПМНЕ.

Секојдневните ретерирања на Владата, како за коридорот 8, така и за автопатот Скопје – Блаце, покажуваат несериозност и леснотија на ширење лажни вести од самата влада и владините министри без етнички легитимитет.

Граѓаните се убедени дека тврдењата на ВМРО и Влен треба да се земат со голема резерва бидејќи тие се предомислија за секое прашање и ги негираа нивните лажни обвинувања.

Неколкугодишниот политички лов на вештерки целосно пропадна имсе демонтира, вистината победи“, соопшти ДУИ

Би можело да ве интересира

Николоски: Не може превозниците да бројат денови, часови и минути поминати во камионот, проблемот мора да се реши

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски