ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Од:

Мексиканскиот архитект со глобална слава, Мишел Ројкинд, го стави Чаир во редот на своите урбани визии, заедно со Мексико сити и низа други градови низ светот. Во партнерство со кандидатот за градоначалник Бујар Османи, денес ја претстави „Визија Чаир 2040“, стратешки план за целосна урбанистичка преродба, стои во соопштението од ДУИ.

Османи откри дека идејата започнала со еден телефонски повик и искрена приказна за Чаир:

„Кога му раскажав на Ројкин за Чаир дека има површина од 3,5 км², со 80 илјади жители, најгусто населена општина во Европа, дека луѓето имаат потреба од визија, од меѓународен ангажман, за да им се врати надежта, тој и неговиот тим без двоумење прифатија да станат дел“, рече во воведот Османи.

Нивната соработка се развивала низ месеци на состаноци, дискусии и заедничко планирање:

„Имавме многу средби, и онлајн и директни. Мислев дека како архитект ќе зборува само за градби, но Мишел зборуваше за луѓе, за пешаци, за бремени жени што чекорат по тротоарите, за деца во колички, за здравјето“, рече Османи.
Во воведното обраќање Османи кажа: „Му реков: јас сум лекар, ти си архитект. Но неговиот одговор беше: ние не градиме, не правиме проекти само за да се изгради нешто. Правиме проекти за луѓето, им го враќаме градот на луѓето“, рече Османи
Планот, според Османи, е повеќе од проект, тоа е нов начин на гледање на урбанизмот, кој тргнува од секојдневните проблеми и создава решенија за реалниот живот.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие