ДУИ: Албанскиот јазик не е политичка привилегија, тој е уставна категорија

Од:

Изразуваме длабока загриженост кон последните трендови со кои Власта, преку серија институционални чекори, системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера. Уставниот суд е во завршна фаза на подготовки за укинување на Законот за употреба на јазиците, велат од ДУИ.

„Паралелно, Инспекторатот за примена на законот е фактички блокиран, му е одземена автономијата, инспекторите шест месеци не земаат плата, и немаат основни услови за работа, вклучително и пристап до службени возила. Самиот директор, поставен од Владата, јавно призна дека возилата се користат за негови лични цели, додека институцијата не функционира. Скандалот е продлабочен од страна на Министерот за политички систем, кој вчера изјави дека ќе го смени директорот на Инспекторатот не поради неработење, туку за да му го покаже местото. Оваа изјава е директна демонстрација на институционален притисок и понижување врз службената употреба на албанскиот јазик. Ги повикуваме сите албански општествени фактори, вклучувајќи ги и остатоците од ВЛЕН кои останаа дел од Владата, да преземат одговорност кон и јасно да се спротивстават на овие системски закани врз Албанскиот јазик. Албанскиот јазик не е политичка привилегија, тој е уставна категорија и дел од темелите на Охридскиот договор, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти