ДУИ: Албанската платформа не го загрозува Уставот, Иванов да го додели мандатот

Од:

Заедничката изјава на албанските партии е во согласност со европските вредности. Не го загрозува унитарниот карактер и уставниот поредок на државата. Тоа е заеднички документ потпишан во Скопје како едно резиме на изборните програми на сите наши парламентарни партии и во никој случај не претставува натметнување на каков било надворешен фактор.

Вака појаснуваат ДУИ во денешното соопштение во кое наведуваат дека Централното Претседателство на ДУИ, како основачки субјект на Заедничката изјава на парламентарните албански партии на Македонија, следејќи ја внимателно ситуацијата создадена по изјавата на Иванов, ја потврдува нивната посветеност за исполнување на точките од Изјавата.

– Имајќи предвид дека оваа Изјава е во согласност со европските вредности бидејќи ја зајакнува етничката кохезија, помага на зајакнување на демократијата, владеењето на правото и законот како и евро-атлантската перспектива на нашата земја, ние сметаме дека заедничката Изјава на албанските парламентарни партии е во духот на Охридскиот Договор и Уставот на земјата и како таква на било каков начин не влијае врз интегритетот на земјата и не го загрозува унитарниот карактер и уставниот поредок на државата, истакнуваат од ДУИ и додаваат дека ниту еден ред од оваа изјава не го прекршува Уставот на Република Македонија.

Посочуваат дека албанските политички партии и ниту нивната заедничка изјава не беа причина за системската, политичка и институционална криза во земјата и имајќи го предвид ова, ги повикуваат политичките партии да се воздржат од претворање на политичката криза во меѓуетнички судир меѓу двете најголеми етнички заедници на оваа земја.

Од ДУИ го повикуваат Иванов, во согласност со своите уставни обврски, како и со неговото барање за време на консултациите со сите парламентарни партии, да го додели мандатот за формирање на влада на новото парламентарно мнозинство потврдено со 67 потписи на пратениците од Собранието на Македонија.

Истовремено го повикуваат Иванов, како и политичките партии во Македонија, да бидат умерени и претпазливи во своите изјави со цел да не се загрози заедничката иднина на граѓаните во Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче