ДУИ: Африм Гаши – симбол на потчинетоста

Од:

Африм Гаши, избран од Христијан Мицкоски како негов „омилен“ меѓу Албанците за претседател на Собранието, уште еднаш ја покажа својата неспособност и потчинетост, велат од ДУИ.

– Наместо да ја извршува функцијата како претседател на Собранието, тој делува како портпарол на Мицкоски и бара Албанците да молчат за понижувањето и потчинетоста што ја доживуваат во владата.

Додека владата воспоставува моноетничка супрематија во секоја сфера на јавниот и државниот живот, го осакатува Уставот преку одлуките на Уставниот суд и го враќа во состојба која некогаш беше наречен генератор на конфликти, тој ги нарекува Албанците дестабилизатори.

Колку многу нè потсетува на политичарите избрани од Белград за да го водат Косово во 80-тите и 90-тите години.

Гаши ќе биде запаметен со тоа што ја шокираше делегацијата на албанскиот парламент со тоа што разговараше со нив исклучиво на македонски јазик.

Дополнително, тој одби да свика седница на Собранието за настаните поврзани со Денот на знамето, но затоа екпресно свика седница за одговорнодт на Иљире Даути за Законот за Бранители.

Африм Гаши е срам за целиот народ. Време е веднаш да поднесе оставка за да го спаси сопствениот образ и достоинството на народот што тврди дека го претставува, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Гаши: Постапка за одземање имунитет може да почне само со официјално барање

Горан Наумовски

Гаши: Да инвестираме повеќе во образование, наука и толеранција

Горан Наумовски

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени