ДУИ: Опозицијата поднесе неуставна инцијатива за референдум за да го манипулира народот

Од:

Демократската унија за интеграција ја повикува опозицијата да го прифати и поддржи Договорот за добрососедство со Република Бугарија, кој што е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува, истакна Арбер Адеми, координаторот на пратеничката група на ДУИ на денешната прес конференција.

– Во член 118, се предвидува дека потпишаните меѓународни договори, кои потоа се ратификувани, се дел од внатрешниот правен поредок и истите не можеме да ги менуваме со Закон. Очигледно, опозицијата намерно ја има смислено и поднесено иницијативата на правно неиздржан начин за организирање референдум, која е спротивно на Уставот, и со единствена цел, за да биде одбиена и притоа да создава поделби и тензии меѓу граѓаните, да го манипулира народот иако знаат дека референдумот нема никакви шанси да успее. Префрлањето на одговорноста на граѓаните, е барање алиби за сите неуспеси овие години, и погрешно постројување во регресивни сили преку сеење магла и оспорување Договор кој придонесе членство на нашата држава во НАТО рече Адеми.

Ви благодарам,

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански