ДСЗИ во вонреден инспекциски надзор во Куманово по веста дека градоначалникот е позитивен на Ковид-19

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска почнал вонреден инспекциски надзор во Куманово во врска со вчерашните настани, потврди за МИА директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова.

Сотирова Бухова кажа дека надзорот трае и дека засега нема што да соопшти.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вчера соопшти дека е позитивен на коронавирусот, како и повеќе членови на општинскиот кризен штаб. Ден претходно во средба со него и со членовите на општинскиот кризен штаб имаа премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а Максимовски потоа имаше и изјава за медиумите. По објавувањето на оваа информација Спасовски, филипче, Османи, како и други ченови на владината делагација, но и новинари и сниматели се во самоизолација.

Во Куманово бројот на заболени од коронавирусот до денеска е 310, а починаа над десетмина.

Би можело да ве интересира

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово