ДС: Власта со уцена за носење на буџетот сака да ги одложи изборите

Од:

„Партиите од власта (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ), наместо да го распуштат Парламентот на 12 октомври , со што ќе се создадеа оптимални услови за на 11 декември да се одржат избори, тие надвор од договорот постигнат на 31 август, распуштањето на Парламентот го условуваат со претходно гласање за Буџетот.

Најавите дека на утрешната седница на Парламентот ќе се распушти истиот е нов притисок, без расправа да се донес Буџетот. Тоа јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараат оправдување да ги одложат изборите.

Притиснати од граѓаните кои барат решавање на кризата преку промени на власта и одговорност за криминалот, партиите од власта со наместени анкети се обидуваат да се претстават во јавноста дека и натаму имаат голема подршка.

Доколку имаа висок рејтин, немаше да има обид за одлагање на изборите и немаше со брутален притисок да ги полнат автобусите за присуство на денешниот партиски собир во Скопје.

Демократскиот сојуз бара на утрешната седница на Собранието на Република Македонија, прво да се изгласаат законите за Специјалното јавно обвинителство, потоа промените за Шестата изборна единица и на крај по одржана расправа да се гласа за Буџетот.

Распуштањето на Парламентот ќе биде логичен редослед на работите“, соопштуваат од ДС.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618