ДС: СДСМ ги разгоруваат меѓуетничките тензии за свои цели

Од:

На вчерашната расправа за доверба на Владата, СДСМ и другите опозициски партии, се обидоа на најперфиден начин да влијаат на меѓуетничките односи како и да создадат недоверба помеѓу коалиционите партнери, тргнувајќи од максимите „Што полошо за државата, толку подобро за нив“, се вели во денешното соопштение на Демократскиот сојуз.

Од партијата сметаат дека СДСМ, на расправата, вчера, ја пропуштила можноста да дискутира за правото, борбата против криминалот и за економијата, користејќи го своето време за неаргументирани напади.

Оттаму додаваат дека опозицијата се обидува да дојде на власт само преку нестабилност, со предизвикување на криза и преку меѓуетнички тензии, но, и порај тоа, граѓаните им даваат целосна поддршка на владеачките партии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ