А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДС: Независна истрага и одговорност

by А1он10/02/2015 - 13:4410/02/2015 - 13:45174
Share0

„Во врска со презентираните информации за масовно кршење на основните човекови права и слободи, преку следење и прислушкување на комуникациите, Демократскиот сојуз бара независна, експертска, транспарентна и јавна истрага.

Добивај вести на вибер

Демократскиот сојуз, бара Јавниот обвинител да формира посебен тим (согласно ЗКП), кој ќе работи на проверка и документирање на информациите за прислушкување, како и одговорноста на сите инволвирани во овој мега скандал, без разлика на тоа за кого сè се работи, неговата позиција, социјален статус, партиска припадност и сл.

Демократскиот сојуз очекува во разрешувањето да се вклучат сите надлежни државни органи, вклучително и Народниот правобранител, при што само со почитување на принципите на владеење на правото, може да се дојде до вистината.

Демократскиот сојуз ги повикува опозициските партии да се вклучат во работата на Парламентот за да може да се обезбеди уставната и законската определба за цивилна-парламентарна контрола над службите за безбедност.

Преку активирање на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, може да се обезбедат релевантни информации и факти. Врз основа на извештаите на овие комисии да се отвори расправа и во Собранието на Република Македонија.

Демократскиот сојуз смета дека освен што е нарушена приватноста на граѓаните, пробиен е и разорен целокупниот систем за безбедност, а во голема мера е загрозена безбедноста и стабилноста на државата, поради што неопходно е да се утврди политичката, кривичната и друг вид на одговорност на носителите на овие активности.

Демократскиот сојуз смета дека ваквите состојби во голема мера негативно ќе се одразат и на демократскиот развој, евро-интеграциските процеси, како и на економските состојби.

Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии во своите активности да водат сметка за стратешките и националните интереси на државата и граѓаните, а медиумите објективно и избалансирано да информираат“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

dspuc

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска14/06/2023 - 17:40

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска11/06/2023 - 10:59

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска07/06/2023 - 10:24

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска08/05/2023 - 13:2308/05/2023 - 13:25

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски07/05/2023 - 15:0808/05/2023 - 07:48

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски30/04/2023 - 10:4501/05/2023 - 08:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен