ДС го поддржува предлогот на Груевски за директни преговори со Грција

Од:

Предлогот на премиерот Никола Груевски  за директни разговори со Грција е суштински и отвора можности  да се деблокираат евро- интеграциските процеси на Република Македонија, соопшти денеска Демократскиот сојуз.

Сметаат дека овој предлог создава услови за многу посериозно и поодговорно да се пристапи кон надминување на вековниот проблем наметнат од Грција, а поврзан со името на државата.

ДС оценува дека само со создавање политичка клима и темелни подготовки можно е да се надминат недоразбирањата кои ги кочат евро-интеграциските процеси на Македонија.

Као што – Доколку почнат вакви разговори, реално е да се очекува дека многу брзо ќе добиеме датум за започнување на пристапните преговори со ЕУ, како и покана за полноправно членство на НАТО, стои во соопштението,

Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии да подржат суштински разговори со Грција и да преземат дел од одговорноста за разрешување на спорот.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираат ДУИ и СДСМ

Демократски сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Да се продолжи рокот на важноста на личните документи

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи

Демократски сојуз: Да се продолжи рокот за вадење лични документи

Горан Наумовски