ДС, ФРОДЕМ и МОРО- Работничка партија: Консензус за стабилна Македонија

Од:
„Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ и МОРО- Работничка партија, сметаат дека е неопходна Платформа за излез од длабоката криза во која е втурната Македонија.

Предлагаме во градењето на Платформата да се вклучат сите релевантни политички партии, граѓанскиот сектор, како и медиумите, при што да се дојде до консензус и единство околу стратешките интереси и стабилноста на земјата.

Во оваа насока предлагаме свикување седница на Парламентот и одлагање на изборите и формирање на Експертска Влада со министри со високи професионални и демократски капацитети. Ѓорге Иванов мора да ја повлече аболицијата и во Парламентот да отпочне постапка за негова одговорност.

Експертската Влада треба да спроведе коренити реформи во повеќе области, посебно во правосудството, безбедносниот систем, медиумите и др. Владата мора да ги деблокира државните институции и целосно да ги департизира и деполитизира.

Неопходно е да се обезбедат услови за работа на СЈО и формира специјализиран оддел во Кривичниот суд во Скопје, како и услови за утврдување на одговорноста на креаторите на кризата (голем дел аболирани од Ѓорге Иванов).

Сметаме дека лидерите на четирите парти немаат кредибилитет да одлучуваат сами за иднината на сите граѓани, бидејќи поддршката од граѓаните повеќето од нив ја изгубија. Граѓаните бараат промени, правда и стабилност, затоа е потребен поширок консензус и единство“, се вели во соопштението се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ и МОРО- Работничка партија.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски