ДС бара заштита на докторите

Од:

„Демократскиот сојуз најостро го осудува денешниот инцидент во Клиничкиот центар во Скопје, каде со огнено оружје беше тешко повреден доктор.

Овој настан како и многу други случаи на насилничко и агресивно однесување спрема докторите и медицинските сестри, е резултат и на долгогодишната хајка која се води против докторите и медицинскиот персонал во целина.

Ниските плати, незаштитеноста на докторите како и другите системски проблеми во здравството, придонесоа голем број на врвни специјалисти да го напуштат јавното здравство и да заминат во странство или во приватниот здравствен сектор.

Демократскиот сојуз бара најенергични мерки против сторителите на вакви насилства и донесување по итна постапка на Закон за заштита на докторите и медицинскиот персонал“, се вели во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски