ДС бара одговорност за сите што ја проширија веста за случајот Самарџиев

Од:

Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов ги повика Владата и Јавниот обвинител да го расчистат случајот со Александар Самарџиев и да утврдат одговорност кај медиумите поради ширење на лажни вести кои можат да имаат далекусежни последици.

„Последните години сведоци сме на масовно отворање на веб портали преку кои се објавуваат шпекулации, невистини и клеветнички содржини. Слична е состојбата и во некои од електронските и печатените медиуми. Демократскиот сојуз се залага за слобода на изразувањето, како темел на слободата на говорот и слободата на печатот, за вистината, како цивилизациска и демократска вредност, и за одговорноста, која ги гарантира слободата на изразувањето и вистината. Демократскиот сојуз сака да предложи промени (амандмани), доколку од новинарската фела добие конкретни и образложени предлози“, пишува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони