Државниот здравствен инспекторат не констатирал пропусти во случајот со починатото новороденче

Од:

Не се констатирани недостатоци од наша надлежност. Односно, медицинската документација и во прилепската болница и во Клиниката за детски болести од Скопје е уредно водена, вели Рената Младеновска, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Деталниот извештај за вонредниот инспекциски надзор во Прилепската болница и на Детската клиника за случајот со новороденчето од Прилеп кое почина на клиниката во Скопје, се подготвува и ќе биде објавен во текот на денот.

– Наша надлежност беше да ја испитаме целосната документација и за родилката и за новороденчето. Ниту во Прилепската болница, ниту на Клиниката за детски болести не се пронајдени недостатоци. Документациите се уредно водени. Деталниот извештај за вонредниот инспекциски надзор на Инспекторатот се подготвува и треба да биде готов во текот на денот, ни рече телефонски Младеновска.

Инаку, неодамна, на прес-конференција министерот за здравство Фатмир Меџити најави формирање стручна комисија за целосно расчистување на случајот. Прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет за случајот, по пријава на родителите на починатото новороденче.

Бебето здраво и без проблеми се роди на 27 октомври во прилепската болница. По три дена со тешкотии во дишењето е префрлено на лекување во Клиниката за детски болести во Скопје каде, поради сепса почина по една недела.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он