Државниот инспекторат за животна средина нема средства и човечки ресурси за нормално функционирање

Од:

Државниот инспекторат за животна средина и оваа зима останува со ограничен буџет и 16 инспектори кои го покриваат загадувањето на воздухот, почвата, водата, вклучително и отпадот за цела територија на Македонија.

Тоа го посочи на денешната прес-конференција в.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина Мирослав Богдановски.

Според него, од вкупно 14 државни инспекторати, Државниот инспекторат за животна средина се наоѓа на претпоследно место со годишен буџет од 245.000 евра и долг од околу еден милион денари и исклучени телефонски линии, што претставува сериозна пречка за нормално функционирање.

– Од оваа сума 204.000 евра се наменети за плати за вработените, а со останатите треба да се извршуваат сите задачи на територијата на целата држава, што е практично невозможно. Од вкупно 20 вработени, само 16 се инспектори и работат на целата територија на Република Македонија и го покриваат загадувањето на воздухот, почвата, водата, вклучително и отпадот, изјави Богдановски.

Инспекторите се распределени, така што, во Западниот дел има шест инспектори, во Југоисточниот шест инспектори и Градот Скопје е покриен со четири инспектори.

– Очигледна е потребата за зголемување на бројот на инспектори, како и доекипирање со други стручни и технички лица. Согласно заложбите на новата Влада очекуваме во буџетот за 2018 година да бидат издвоени финансиски средства за нормално функционирање на инспекторатот и набавка на мобилни современи инструменти за индикативни мерења со што попрецизно ќе се лоцираат изворите и видот на загадувањата, изјави Богдановски.

Посочи дека за постигнување целосна ефикасност на инспекторатот е потребна нова законска регулатива со која ќе добие пристојно буџетирање и можност за координација со сите овластени општински инспектори за животна средина.

На новинарско прашање кој е оптималниот број на инспектори за непречена работа на Државниот инспекторат, беше посочено дека на европско ниво бројот се одредува според бројот на инсталации, така што се движи од пет до осум инсталации на еден инспектор.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари