Државна фирма загубар од Велес плаќа 4.000 евра ѓубрарина: Општината му ги покрива минусите на „Дервен“

Од:

Одлуката на општина Велес да ја зголеми за 100% цената за собирање на отпад предизвика жестоки реакции во јавноста и обвинувања дека на овој начин Јавното комунално претпријатие ги покрива огромните загуби, посебно во бизнис заедницата која бара од градоначалникот Марко Колев да ги врати старите цени.

Пратеникот на СДСМ и поранешен кандидат за градоначалник на Велес, д-р Ненад Коциќ објави фактура за месец април од државното претпријатие, Фабрика за шински возила ДООЕЛ Велес или популарната „Колска“ која доби сметка од 230.311 денари со ДДВ.

Фабриката чие работење во последната деценија го одбележаа штрајкови, доцнење на плати, стечајни постапки, откази и работење со големи загуби, на цела мака сега ќе треба да плати ѓубрарина од 138.013 денари, смет по дворно место од 54.866 денари, надоместок за јавна чистота од 11.041 денари и надоместок за јавно зеленило од 14.195 денари. За вода ќе издвои само 2.147 денари.

„Нормално ли е ова? Скоро 4000 евра месечно за една фирма, после одлуката на општина Велес да ја зголеми цената за собирање отпад!“, напиша Коциќ на Фејсбук.

Советникот од Левица во општина Велес, Игор Смилев предупредуваше во неколку наврати дека оваа одлука е донесена за да се спаси ЈКП Дервен кое поради преголемата вработеност трупа загуби, а и претходеше промена на Управниот одбор преку општинска комисија, а не преку гласање на седница на Советот. Директор на комуналната фирма е Горан Наунчев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

„И така после една толку убаво срочена екипа, си седнуваат, и без јавност и гласност во тесен круг го менуваат дотогашниот Управен Одбор на Титаник, а тој пак како партиско-политичко тело на ДПМЕ согласно Статут си носи одлука незаконски да ја зголеми цената на ѓубрарината за 100%, која потоа на контроверзен, насилнички и вонделовнички начин ДПМНЕ и ДУИ ја изгласаа на 30-тата седница на Совет која траеше безмалку 24 часа, и на која на советниците на Левица им беше одземено правото да ги образложуваат над 30-те поднесени амандмани.

Ова е со цел да се спаси Титаник од слободен пад кон дното и истовремено да ја ублажи финансиската загуба предизвикана од партиските вработувања во овој брод без кормилар за што на приватна Агенција за вработувања беа дадени над 23 милиони денари“, објасни Смилев.

Бизнис секторoт од Велес во меѓувреме испратил писмо со намери до Колев поради високите сметки преку кое бара итно да се вратат цените на ѓубрарината.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес