Државата ќе му ги плати адвокатите на Груевски

Од:

Држвата ќе му ги плати адвокатите на експремиерот Никола Груевски кои беа ангажирани во предметот „Траекторија“, а во кој му застаре делото. Според Законот за кривичната постапка, кога ќе се запре кривичната постапка, кога ќе се донесе пресуда со која обвинетиот се ослободува од обвинението или со која се одбива обвинението, издатоците на обвинетиот, како и наградата на неговиот бранител, паѓаат на товар на Буџетот.

Првото судење за предметот се одржа на шести декември 2017 година, што значи дека предметот се суди една година и 10 месеца. Судијата Горан Бошевски закажуваше во просек по две рочишта месечно, а судењата траеја по неколку часа.

Горан Бошевски, судијата кој го судеше Груевски во „Траекторија“

За Груевски беше поднесен обвинителен предлог за кривично дело примање награда за противзаконско влијание. Судењето ќе продолжи за поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски кои одговараат за злоупотреба на службената положба.

Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци 0 Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од 155 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов