Друштвото „Илинден“ побара од Албанија признавање на Република Македонија под уставното име

Од:

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, во име на Македонците во Албанија побара од официјална Тирана да ја признае Република Македонија под уставното име.

– Од име на сите Македонци што живеат во Албанија, барање за признавање на нашата матична земја под уставното име доставивме до претседателот на државата Илир Мета, до премиерот Еди Рама, до претседателот на парламентот Грамоз Ручи, како и до лидерите на најголемите опозициски партии, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Во писменото барање до претседателот Мета, а истото е содржано и во барањето до другите релевантни структури, стои дека Република Албанија, како соседна и пријателска земја, треба да ја признае Републка Македонја под нејзиното уставо име, а не со референцата ПЈРМ.

– Признавањето на Република Македонија со нејзиното уставно име позитивно ќе влијае во унапредување на и така добрите билатерални односи. Меѓу двете земји се остварени низа средби на различно ниво, што претставува солидна база за проширување и зајакнување на соработката во повеќе области, меѓу двете земји, регионот и пошироко, за прашања од заеднички интерес, стои во барањето.

Во барањето потсетуваме, додава Ѓурѓај, дека Република Макдонија под уставното име ја имаат признато 133 држави, вклучувајќи ги и трите земји членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија и Кина.

Албанија е меѓу првите земји кои ја призна Република Македонија, но под референцата ПЈРМ. Неколку години потоа, во блатералното обраќање почна го користи името Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин