Дрски кражби и други деликти за туристичката сезона во Охрид

Од:

Изминатава туристичка сезона поминала во знакот на зголемениот број на кражби и други имотни деликти информираат од полицијата. Од таму велат дека во текот на јули оваа година, на подрачјето на Охрид регистрирани биле 71 кривично дело кражби а, 93 во месец август

„Тоа претставува зголемување во однос на минатата туристичка сезона кога имало 62 во јули и 87 во август. Истовремено, зголемена е и ефективноста во расветлувањето на казнените дела која во Јули изнесувала 66 проценти и 40 проценти во август оваа година. Кражбите, најчесто се вршени по плажи, куќи, станови, хотелски соби и казина“ велат од СВР Охрид.

Посебна карактеристика на овогодишната туристичка сезона се дрските кражби извршени со насилно одземање на ташни и ланчиња претежно од женски лица. Сторителите на кражбите, покрај пари и златни предмети, одземале лап топ компјутери, мобилни телефони, фото апарати, видео камери и други предмети. Најголемиот број од нив (63%), се лица од Скопје, Прилеп и Битола што укажува на фактот дека и оваа туристичка сезона во Охрид престојувале значителен број на лица со цел вршење на кражби и други казнени дела.

„По пронаоѓањето на сторителите, во јули, СВР Охрид поднесе 32 кривични пријави и 31 кривична пријава во месец Август“ велат од полицијата.

Во однос на сузбивањето на нарко-криминалитетот, полициските инспектори во текот на јули и август, пријавени биле 30 лица кај кои пронајдени биле помали количини марихуана, хероин, екстази и други предмети, а во домот на лице од Охрид пронајдени биле неколку садници и повеќе семки од растението Канабис сатива.

Во делот на сообраќајот, оваа туристичка сезона, СВР Охрид забележал пад на случени сообраќајни незгоди. Во јули и август евидентирани биле 55 односно 33 сообраќајни незгоди што претставува намалување во однос на ланската туристичка сезона кога имало 65 односно 42 сообраќајни незгоди. Оваа сезона нема погинати лица. Во текот на август минатата година, едно лице го загубило животот во сообраќајна незгода.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион