Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Од:

Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно измислени дезинформации“ обвинувањата што денеска ги изнесе СДСМ во врска со набавката на флаширана вода за граѓаните на Гостивар, оценувајќи дека станува збор за обид за манипулација на јавноста.

Во реакцијата се наведува дека СДСМ, како што тврди Владата, во недостаток на аргументи повторно се служи со искривување на фактите и пласирање неточни информации.

Од Владата повторуваат дека остануваат на ставот оти граѓаните на Гостивар ќе продолжат да добиваат безбедна вода за пиење сѐ додека надлежните институции официјално не потврдат дека водата од градскиот водовод е исправна за употреба.

Во однос на набавката на флаширана вода, Владата потврдува дека постапката со преговарање ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а договорот на тендерската постапка го добила компанијата „Кожувчанка“.

Според Владата, набавната цена изнесува 12,5 денари за шише вода од 1,5 литри, што е значително пониско од малопродажната цена, која, како што наведуваат, изнесува најмалку 25 денари. Објаснуваат дека тоа е овозможено поради придонесот на компанијата „Кожувчанка“, која учествувала во набавката со цел да им помогне на граѓаните и институциите за време на кризата.

„Фактите се јасни и лесно проверливи. Обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината. Пред фактите паѓа секоја манипулација“, се наведува во реакцијата на Владата, од каде упатија апел СДСМ да престане, како што велат, да пласира невистини.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните