Дражавниот инспекторат за животна средина ја лансираше платформата „Пријави загадување во два чекори“

Од:

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска денеска информираше дека е лансирана платформата „Пријави загадување во два чекори“, со која граѓаните може да пријават загадување до ДИЖС преку нивните социјални мрежи, електронски адреси или на веб-страницата на Инспекторатот што, како што посочи, значително го олеснува процесот на брзо добивање и евидентирање пријави и навремено реагирање од страна на инспекторите.

– Пријавувањето е едноставно, со испраќање порака преку фејсбук страницата на ДИЖС, мејл адресата [email protected], веб-страница www.sei.gov.mk , и преку полето „Пријави“ не е-мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk. Во пријавите граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат, да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат фотографија и видео и да остават нивни податоци, за да можат инспекторите да ги исконтактираат, појасни Петровска.

Директорката на ДИЖС потенцираше дека со платформата, пријавите да стигнуваат на едно место, ќе бидат поефикасно распоредени до надлежните инспектори, полесно ќе се следат случаите на загадување и подобро ќе се координираат инспекторите при извршување на задачите, како и при одговор на граѓаните кои поднеле пријава дали и како постапиле по пријавите.

Петровска истакна дека со цел да бидат поефикасни при решавањето на случаите, треба граѓаните да им даваат повеќе инструкции, наведувајќи дека со платоформата имаат можност директно да комуницираат со граѓаните.

– Платформата за пријавување за загадување треба да ја подобри соработката на ДИЖС со граѓаните, да овозможи подобра координација при инспекцискиот надзор на државно и локално ниво и да обезбеди поголем увид во работењето на инспекторите на терен, изјави Петровска.

Платформата е изработена во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Разбисти сѐ“, која е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари