Ниту по едночасновната дебата на сред село, министерката Мила Царовска не успеа да ги убеди жителите на Темјаник, малиот објект да биде претворен во дом за деца со посебни потреби, иако тоа треба да биде градинка, тие се правдаа дека не прифаќаат, сепак, кога министерката им понуди дека на друга локација ќе им изгради градинка, жителите инсистираа градинката токму да биде на ова место.
Жителите беа навредени поради тоа што по социјалните мрежи ги нарекуваа фашисти поради нивниот однос, сепак на крајот признаа дека не ги сакаат овие деца во селото.
– Ќе ни ги разболат и нашите деца, ќе маваат по нив со камења, велат жителите и покрај образложувањето на Царовска дека децата со посебни потреби се неподвижни и не можат никого да повредат.
Конкретно станува збор за 3 деца со посебни потреби. Претставникот на жителите на селото понуди еден хектар од неговото лозје, надвор од селото за таму да бидат смесетени овие 3 деца со посебни потреби само за да не бидат во селото. На ова министерката му одговори дека поентата е во нивната социјализација и потребата да бидат како и сите деца во селото.
Царовска им даде рок од 1 недела на жителите на Тимјаник да размислат и да се преиспитаат за нивната одлука која што остана цврста и покрај обраќањето на претставничката од ОН Луиза Витон и претставникот од УНИЦЕФ чие обраќање беше проследено со вулгарно и недолично довикување од типот „ако дојдам ќе ти ја сокапам муцката“
Исто така, жителите се заканија дека нема да ги пуштат своите деца во училиште доколку Министерството за труд и социјална политика се одлучи овој објект да биде дом за 3 деца со посебни потреби кои треба да се преместат во Демир Капија, а сега се наоѓаат на вториот спрат.
Виктор Јованов