На граничнот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар, албанската полиција уапсила македонски државјанин, кој откако одбил да биде контролиран, се обидел да избега, загрозувајќи ги животите на полицајците.
– Лицето Г.К. (42) жител на Република Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“, беше замолен да премине на втората линија за детална проверка, заедно со возилото. Тој го одби барањето на полициските службеници и се обиде да избега со возилото, загрозувајќи ги животите на полицајците. Тој е фатен и уапсен, соопшти албанската полиција.
Се додава дека уапсениот ќе одговара за кривични дела „спротивставување на вршење на должност на службеник од јавен ред и мир“ и „Нелегално преминување на граница“, а возилото што го управувал е запленето.
Материјалите се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Пешкопеја, за понатамошни дејствија.