Драган Антоновски стапува на функцијата директор на МИА

Од:

Новинарот Драган Антоновски стапува на функцијата генерален директор на Македонската информативна агенција (МИА).

Антоновски е избран од страна на новиот Надзорен одбор на МИА за претседател на Управниот одбор, генерален директор и главен и одговорен уредник на Агенцијата.

Драган Антоновски е истакнат новинар, кој работел во јавниот сервис МРТВ, како и во телевизиите А1, Канал 5 и Сител. Основач е на Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) каде ја извршуваше функцијата потпретседател, како и на Советот за етика (СЕММ). Член е на Здржението на новинари на Македонија, а ги основал и порталите „Реалити Македонија (2001)“ и „Локално(2013)“.

Антоновски е добитник на повеќе домашни и меѓународни награди за професионален пристап во новинарството и слободата на медиумите.

Би можело да ве интересира

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

Вработените во МИА одржаа предупредувачки протест

„МИА се претвори во ПР служба на владата“ – ги укинува дописниците од светот, ќе зема државни пари само за работа во Македонија?

А1он

Владата му препорача на Надзорниот одбор на МИА да го реизбере Драган Антоновски за генерален директор

Жарко Настоски