ДПСМ на Стоиљковиќ ги суспендира односите со Иванов

Од:

Демократска партија на Србите во Македонија одлучила целосно да ги суспендира односите со македонскиот претседател Ѓорге Иванов поради неговата одлука да не присуствува на инаугурацијата на новизбраниот претседател на Србија, Томислав Николиќ.

Демократска партија на Србите во Македонија во денешното соопштение до медиумите наведува дека одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не присуствува на инаугурацијата на српскиот претседател Томислав Николиќ е непринципиелна и крајно штетна за односите меѓу двете држави и двата народа.

„Одлуката не е во функција на унапредување на односите меѓу двете држави и двата народа и јакнење на постигнатиот степен на меѓусебна соработка и доверба, и е лицемерна кон припадниците на македонската заедница во Србија која на изборите му ги даде своите гласови токму на новиот српски претседател и која во соработка со неговата партија по прв пат стана парламентарна“ се вели во партиското соопштение.

За ДПС во Македонија е неразбирливо зошто со својата одлука, претседателот Иванов ја приклучил Република Македонија кон, како што се наведува, „една група на држави, која се повеќе наликува на непринципиелна регионална коалиција.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on