ДПА: Резултатот за нас е солиден и ние ќе продолжиме да се бориме

Од:

Благодарност до сите кои го дадоа својот глас за Демократската Партија на Албанците, а кои се околу 22.000 илјади гласачи на републичко ниво, и кои со нивниот глас ја одржуваат ова идеја и определба, изјави на денешната прес-конференција пoтпртседателот на ДПА Бардил Даути.

Посочи дека ДПА на овие избори настапи сама за разлика од другите партии на Албанците кои имале коалиции со други македонски партии.

– Коалицијата помеѓу ДУИ и СДСМ беше јавна, транспарентна и најавена, додека пак скриената коалиција на БЕСА и Алијансата на Албанците со ВМРО во некои општини беше решавачка за исходот од овие избори. Но, овие коалиции јавноста може да ги уочи. Доволно е да се погледнат резултатите од изборите во Струга, Дебар, Гостивар, Боговиње, и Врапчиште, каде јасно се гледа тесната соработка помеѓу Алијансата и ВМРО. Исто така, ако се погледнат резултатите во општините Брвеница, Тетово, Теарце, Сарај и Чаир, очигледна е коалицијата помеѓу БЕСА и ВМРО, рече Даути.

Резултатот, рече Даути, за нас е солиден, и ние ќе продолжиме да се бориме за овие вредности кои ја афирмираат албанската кауза.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски