ДПА против минимална плата за администрацијата

Од:

Од Демократската партија на Албанците (ДПА) на денешната прес- конференција истакнаа дека се против минималната плата за вработените во администрацијата.

-Спуштањето на платите на администраторите на минимално ниво на плата е неприфатливо за ДПА бидејќи тоа не е решение за проблемот, туку само продлабочување на истиот, истакна Бардил Даути, од Комисијата за економија при ДПА.

ДПА предлага, наместо да ги намалат платите на администраcијата и наставниците, да бидат раскинати сите договори што им биле дадени на партиски членови на неколку месеци направени неколку дена пред распишување на изборите.

Даути на прес-конференцијата прашуваме колку месеци вработените во јавните претпријатија на Општина Тетово и Гостивар не добиле плата.

Тие бараат да се отпишпуваат долгови на граѓаните.

-Оваа состојба ја влоши економската состојба на нашите семејства, затоа бараме да се отпшишат долгови како што се сметки за струја, вода, комунални такси, парични казни, комунални даноци и други даноци за сите граѓани, особено оние кои немаат сигурен приход или социјална помош. Покрај тоа, ние бараме, покрај тримесечното одложување на данокот, сегашните даночни стапки да се преполоват една година или додека не продолжи кризата, рече Даути.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

Орце Костов