ДПА: Изнесената снимка е монтиран разговор

Од:

Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу и денеска, како и на вчерашната прес-конференција, дојде, даде изјава и одбивајќи да одговора на новинарски прашања, замина од Прес-центарот во Собранието.

„Целосна конструкција на разговорот, одземање на зборовите од еден разговор и внесување во друг разговор е позната метода на монтажа своевидно за Сојузот на комунисти, потоа на СДСМ од Ранковиќ, Милошевиќ, Глигоров, Црвенковски до Заев и нивните политички истомисленици“, ова е коментарот на ДПА на разговорот меѓу лидерот на партијата Мендух Тачи и директорот на УБК Сашо Мијалков, како што тврди СДСМ, што беше пуштен на синоќешниот собир на СДСМ во Универзалната сала во Скопје.

ДПА вели Фазлиу, на транспарентен начин гласаше против СДСМ во Државната изборна комисија континуирано, исто како што СДСМ гласал секогаш за ДУИ и обратно.

Фазлиу тврди дека за Албанците не е новост дека ДПА од нејзиното појавување на политичката сцена во Македонија се против СДСМ.

„Изнесената снимка во јавноста, повтори Фазлиу, е монтиран и фалсификуван разговор“, рече Фазлиу.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија