ДПА бара да биде повлечен предлогот за нов државен грб

Од:

ДПА денеска ја обвини ДУИ дека предлогот за промена на државниот грб е целосно едноетнички симбол.

– Наметнувањето на еден таков симбол за државен грб секако не придонесува позитивно во држава каде што етничкиот состав и реалноста е различно од тоа што го прикажува грбот, предложен од страна на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, истакна на прес-конференција пратеникот на ДПА Беким Фазлиу.

Побара од Владата да го повлече овој предлог од процедура и, како што рече Фазлиу, да се отвори вистински диалог, со цел изнаоѓање на друго решение за државен грб, кој ќе ги содржи специфичностите и барањата на двете најголеми заедници во државата.

– Со жалење констатираме дека ДУИ како последица од 153 илјади гласови, го има и Бадентеровото мнозинство, кое е потребно за носење на новиот грб и ние како ДПА сме немоќни да го спречиме неговото донесување, додаде Фазлиу. 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он