ВИДЕО: Доживотен затвор за шестмина обвинети во случајот „Монструм“

Од:

Доживотен затвор добија шестмина од седумте обвинети во случајот „Монструм“, кои се товарат за извршено кривично дело тероризам, со денешната пресуда на Кривичниот суд,

Алил Демири, Агил и Африм Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири, Сами Љута, Хаки Азири се лицата кои се товарат за тероризам за убиството кај Смилковското езеро.

Eден од обвинетите, Сејди Рами доби ослободителна пресуда поради немање цврстви докази за инволвираност во убиствата кај Смилковското езеро.

На првообвинетите Алил Демири и Африм Ислаимповиќ им се судеше во отсуство, бидејќи тие не се во Македонија.

Станува збор за првостепена пресуда, која не е конечна и на која странките имаат право на жалба пред Апелацискиот суд.

При излагањето на образложението на пресудата, судијата Ивица Стефановски рече дека петкраткото убиство претставува чин на згрозување на целата македонска јавност, кој ќе остане врежан во сеќавање на сите граѓани. Меѓутоа, како што изјави Стефановски, оваа постапка не треба да го доведе во прашање меѓуетничкиот соживот во Македонија. Тој истакна дека пресудата е донесена врз база на закон и докази, а не врз основа на емоции.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 13 април 2012 година, на Велики четврток, веднаш пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Судењето почна на 20 декември 2012 година, а беа одржани 40 рочипшта, на кои се сослушани 30 сведоци и 10 вештаци.

Петар Клинчарски

 

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски