Доживотен затвор за двојниот убиец од Струмица

Од:

Денеска Основниот суд во Струмица го осуди Марјанчо Велев (55) од струмичкото село Добрејци на казна доживотен затвор за извршеното убиство врз струмичанецот Александар Мицев, чиј живот е вториот што го одзел Велев.

Телото на Мицев беше пронајдено во водите на браната „Турија“.

Обвинителството го товареше Велев за убиство извршено на 9 октомври 2018 година, кога од зад грб пукал со огнено оружје калибар 5,6 милимитери со два куршума во главата на Мицев, а неговото тело беше пронајдено на 5 август лани.

Според обвинителството, осудениот Велев откако со убиениот склучил договор за купопродажба на недвижен имот, заедно заминале во село Добрејци за наводна исплата на парите во готово, по што искористувајќи ја приликата кога останале сами и довербата која оштетениот ја имал во него, со два куршума во главата го лишил од живот оштетениот Александар Мицев. Главата му ја завиткал во перница и стреч фолија, го ставил во метално буре и го фрлил на дното на езерото „Турија“.

Во образложението на пресудата судијката Марина Абрашева истакна дека го применила член 44 од Казнениот закон за утврдување единствена казна затвор од доживотен затвор, бидејќи осудениот најпрвин го убил Мицев, а потоа и вториот струмичанец, Ристо Иљашев.

-Недвосмислено се утврди од бројните докази дека Велев е сторител на убиството врз Мицев извршувајќи го убиството со огнено оружје од кое испукал два куршума од позади врз жртвата, која е убиена на подмолен начин, рече судијката Абрашева на денешното изречување на пресудата.

Оштетените се упатени на оштетно побарување во парнична постапка.

Обвинететиот Велев, на почетокот на судењето, кое почна на 7-ми овој месец, пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен и не го сторил делото за кое е обвинет.

Во февруари годинава Основниот суд во Струмица му изрече казна затвор во траење од 20 години на Марјанчо Велев за убиство извршено врз струмичанецот Ристо Иљашев на 7 мај 2019 година. Телото на убиениот беше пронајдено во браната „Турија“ на 20 јуни лани затворено во метално буре.

Осудениот има право на жалба до Апелацискиот суд во Штип во рок од 15 дена од изрекувањето на пресудата.

Би можело да ве интересира

Се расправале за поправка на автомобил, механичарот пукал во муштеријата

Катерина Ѓуровски

Турчин пронајден мртов во хотел во Охрид

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Застрелал човек со кој бил на лов: кривична пријава за убиство од небрежност

Трагедија кај Елешец: Загина 18-годишно момче, тинејџер е тешко повреден

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е