Доставена кандидатурата на Михаил Трендафилов-Нанче за градоначалник на Охрид

Од:

ГДУ ги поднесе документите за учеството на својот кандидат за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, на вонредните локални избори. Со поднесувањето на документите веќе и официјално партијата влегува во трката за градоначалничкото место во градот Охрид.

„Како партија која се залага за промена на начинот на водење на политика познат досега во нашата земја, ќе се погрижиме нашиот кандидат да понуди реална програма со проекти, коишто ќе бидат во интерес на oхриѓани. Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги. Нашиот кандидат Михаил Трендафилов-Нанче веќе и официјално ја бара довербата на охриѓани за да им докаже дека функцијата градоначалник може да се извршува домаќински и чесно“ велат од ГДУ.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство