„Доста штанцате огласи за партиски вработувања на неквалификувани во МВР“ – реакција на Синидикатот на македонската полиција

Од:

По побуната на контролорите на летање против вработувања на несоодветни кадри, и синдикатот на македонската полиција стана на нозе и побара „стоп за партизацијата и депрофесионализација на  МВР“

„ Во Министерството за внатрешни работи не запира процесот за целосна партизација, и кој забрзано се одвива во месец ЈАНУАР 2024. Во нов ден НОВИ ОГЛАСИ, по “200  на ден”!“, се вели во соопштението на синдикатот на македонската полиција.

Според нив во периодот од 2017 до месец Ноември 2023, во текот на седум години, наместо да се одржува и спроведува професионализација на МВР, биле инсталирирани, унапредени, околу 1000 партиски послушни раководни кадри, и се вработуваат лица без соодветни квалификации и без ниту еден ден работно искуство.

„ Јавно сакаме да го потсетиме Министерот дека вакво партизирање на МВР никаде нема во земјите на ЕУ. Ваква “партиска професионализација” со стотици надворешни вработувања и брзо секојдневно пуштање на нови огласи за пополнување на раководни позиции со партиски кадри и без ниту да се помине законскиот предвиден тест за интегритет е невидено“, велат од синдикатот.

„ Министерот Спасовски, покажува дека не го интересираат да бидат одбрани успешни професионалци, туку дека само сака да го зголеми партискиот број на унапредени партиски послушници потребни за она кое секој може да го види. Со ова турбо распишување и “штанцање” на секој ден нови огласи и тоа неколку денови пред  да замине од МВР, уште повеќе покажува дека сака со ваквите “партиско” кадровски масовни потфати само да создаде што поголем број на партиски послушници, кој ќе можат да се контролираат од “партија” наместо преку “команда” од страна на професионалци, а тоа е така бидејќи на професионалците им испраќа порака дека никако не му се вклопуваат во визијата – на прво место “партиско подобните над неподобните”, се вели во соопштението на синдикатот на македонската полиција.

Тие бараат веднаш да се запре и прекине ваквото забрзано вработување и унапредување бидејќи се кршат сите правила и закони и е спротивно на меѓународни препораки.

Сето ова непочитување на професионализмот, со турбо процес “акција” за целосна партизација и приватизација на МВР и недавање шанси на професионалците е исто така спротивно на препораките дадени од  ГРЕКО, потенцираат од синдикатот на македонската полиција.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

Една година затвор за напад и прегазување на полицаец во Кавадарци

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

Полицијата бара исчезнато девојче на 13 години

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР