„Доста се шегувавме, Македонија е грчка, вие сте Вардарска“ – нови летоци во Солун

Од:

Летоци со „историски факти“ осамнаа вчера на автомобилите на Македонците на паркинг просторот пред трговскиот центар Космос и Икеа во Солун.

На сите автомобили со македонски таблички на ветробранското стакло им биле залепени летоци во кои се наведува зошто она што ние го нарекуваме Македонија не е Македонија, туку Вардарска.

Во летокот пишува:

„За оние што го прокламираат името „Македонија“.

Името на оваа област пред Втората Светска војна било ВАРДАРСКА.
Името МАКЕДОНИЈА им е дадено од нивниот лидер Јосеф Тито ( во прилог ќе ја видите и картата пред 1940-тата година).

Значи тоа е ВАРДАРСКА.

А во прилог и неколку факти за тие што немаат познавање:

1. Александар Велики и неговиот учител Аристотел зборувале Грчки. Не зборувале на ниту еден од словенските јазици

2. Главниот град на Македонија бил Пела (не Скопје) кој сега е дел до Грција.

3. Најголемиот град на Македонија, Солун исто така и припаѓа на Грција.

4. Светиот град на Македонците, наречен Дион, исто така лежи во Грција.

5. Гробот на Македонските кралеви на Вергина истот така е во Грција.

6. Најголемиот и најважен дел на Македонија сега е дел од Грција исто така.

7. Македонците зборувале Грчки, ги обожувале Боговите на Олимп – а планината Олимп исто така е во Грција- и биле дел од Олимписките огри кои биле организирани од Грци и на нив можеле да учествуваат само Грци.

8. И после се како е можно Македонија да биде некаде надвор од територијалните граници на Грција;
И затоа доста беше со оваа шега“.

На летокот покрај кусиот текст со историски факти, залепена е и карта во која е обележана нашата териотија, како земја која треба да се нарекува Вардарска.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска