Досега од телефонската акција собрани 619.000 денари

Од:

За помош на настраданите од поплавените подрачја, до денеска, преку хуманитарните телефонски линии, се собрани 619.000 денари, а на сметка на Фондот за солидарноста се собрани дополнителни 6.300 денари.

Хуманитарната акција за помош на поплавените веќе е во тек, собрани се средства за лична хигиена, вода за пиење, прехранбени продукти, ќебиња и душеци.

Од Црвениот крст на Република Македонија велат дека со донациите ќе им се помогне на околу 650 загрозени семејства, од кои на околу 300 семејства помошта им е веќе доставена.

Надлежните институции апелираа и да не се пие водата во настраданите подрачја, а за таа цел се донирани повеќе од 50.000 литри вода да пиење.

Од денеска Црвениот крст на Р.Македонија отвори и донаторска девизна сметка, на која можат да донираат граѓани од странство.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, апелираше до сите граѓани, приватни компании, Македонците од дијаспората и до граѓани надвор од државата да се приклучат кон хуманитарната помош и да дадат свој придонес на еден од телефонските броеви 070/075/077-143-400.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он