За 24 часа издадени се потврди на вкупно 1.794 странски државјани, од кои 905 се од машки пол, 322 се од женски, 483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 84 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Авганистан 958, од Сирија 524
Во периодот од 19.06.2015 до 24.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 279.914 странски државјани, од кои, 162.835 се од машки пол, 43.389 се од женски, 58.717 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14.973деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 168.996, потоа Авганистан 64.806, Ирак 24.679, од Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158,Сомалија 1.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 24.11.2015 до Одделението за азил поднесени сe четири барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил од три државјани на Авганистан со нив се и шест деца кои го придружуваат родителот и еден државјанин на Сирија со едно дете кое го придружува родителот .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 24.11.2015 година до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 24.11.2015 година евидентирани се вкупно шеснаесет баратели на азил од кои пет баратели на азил се мажи, две барателки на азил се жени, осум баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател и еден барател на азил е малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, десет баратели на азил ( две малолетни лица со придружба на старател, шест малолетни лица без придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Мобилните тимови на Црвениот крст на граничниот премин Табановце им укажале прва помош на 190 лица, додека кај Гевгелија на 530 лица.